Живеејќи со духовната практика

Thumbnail

„Помирисај го морето и почувствувај го небото. Нека твојата душа и дух летаат“

Ван Морисон

 

„Совршено и мирно за мојата дневна медитација и јога

Го сакам она што го правам и го носам мирот со мене каде и да одам

Не постои јас и мојата духовна практика, не постои раздвојување

Јас сум мојата практика и мојата практика е јас

 

Како здив, таа е силата од која тече мојот живот ~ како сонцето и морето и ѕвездите и небото, чувствувам како мојата Душа и Дух летаат“

 

Го напишав ова додека патував. Цитатот погоре совршено ја фаќа суштината од местото и панорамскиот поглед на зајдисонце од моите хотелски прозорци, покрај морето. Беше толку убаво да се практикува на таква убава летна локација. Бев навистина во моментот; навистина уживајќи го моментот. Но секако, не сме секогаш во убавата тишина на восхитувачка локација. Многу почесто ние сме во градот, на работа, во превоз, опкружени со бучава, хаотична активност и луѓе. Моментите со тишина и смиреност може да изгледаат ретки и невозможни за наоѓање во нашиот преисполнет и презафатен свет.

И токму таму, е вистинската убавина на саданата. Колку повеќе практикувате, толку подлабоко одите, толку повеќе таа протекува низ вашиот живот. Најубавата локација од сите, тивката убавина, неподвижноста и смиреноста на Божествената поврзаност, е секогаш во вас. Постојано во секој момент, во секоја ситуација.

Медитацијата, нашата еволутивна садана, не воведува во свесност. Дури и кога само почнувате, или сте практикувале некое време, дури и ако ви се чини механички, само продолжете со тоа. Практикувајте, тоа работи внатре во вас, менувајќи и еволуирајќи вé. Може да е тоа надвор од полето на вашата свесност, но секогаш се случува слаткото предавање. Колку повеќе практикувате, толку повеќе свесност протекува во вашиот живот и наскоро ( во совршеното божествено одредување) ќе го почувствувате протокот.

Не постои раздвојување помеѓу „јас“ и „мојата практика“. Чувствувам дека сум во постојана состојба на проток од садана. Секогаш течејќи во и надвор од неа, и повремено станувајќи свесна дека сум била длабоко во неа. Само кога излегуваме од блаженството знаеме дека сме биле во блаженство.

Еднаш гледав видео од парк, кое сум го снимила, од парк во цутење – во срцето на божествената природа – и повторно, без да сум свесна, ја потпевнував мантрата. Таа се вковува во нас на клеточно и духовно ниво. Стануваме како едно. Таа како длабоко и вечно  ОМ кое постојано,тивко се менува себе си во длабоката позадина од широкиот космос.

Ритуалите, за разлика од навиките, ја подигаат свесноста и ја продлабочуваат поврзаноста. Посебно ако сме нови кон медитација и духовен живот. Поставете време на вежбање кои одговара на вашиот животен стил – тоа е добар и проверен начин за воспоставување на нашата практика. Кога се посветуваме себе си, и имаме поставено рутина за практика, тие ни даваат свет простор за поврзување со изворот и да постигнеме смиреност во средината на нашите зафатени животи.

Посебно на Запад, нашата практика често доаѓа после сé – нашата работа, вечера, обврски, и милион други работи- наместо да биде дел од сé што правиме и сме. Сепак, начинот на прастарите традиции и источните култури сеуште поврзани со тие традиции, е начин на жива садана.

Постанувајќи тоа, бидувајќи тоа, живеејќи ја, давајќи и да тече низ секој момент од животот како конечна цел, наместо да биде нешто кое го правиме понекогаш, компресирано во неколку кратки моменти само кога имаме време.

Нашата садана е начин на живот, на живеење во нашиот убав, храбар, неуреден, материјален, луд, хаотичен свет со присуство и свесност, во тишина и усогласеност.

Секако, тоа не се случува преку ноќ. Тоа е процес. Затоа имајте доверба во процесот, не брзајте, дозволете органски нека еволуира. Како што вашата садана протекува и расте, станувајќи поекспанзивна и попродлабочувачка, почнувате да го чувствувате нејзиното присуство во секој аспект од вашиот живот и во секој момент од секој ден. Го носите вашиот мир со вас, каде и да одите. Вие сте вашата садана. Јас почнав, како и сите, со одредено време за вежбање, но сепак отсекогаш ја чувствував практиката повеќе како посветен и постојан проток.

 

Како здивот, тоа е силата која протекува мојот живот. И вашиот живот секогаш нека протекува од неа.


Blog »