Трансформациски лекции од стравот од летање

Thumbnail

Свесноста за промените кои треба некој да ги направи во животот, навиките или ставот се зголемува со редовно, секојдневно практикување Атма Крија Јога. Кога целосно реализиран и просветлен Учител како Парамахамса Вишвананда е активно присутен во нечив живот, можностите и очекувањата од реалниот живот за поголема трансформација експоненцијално растат. Би ги охрабрил сите Крија јогини  кои сеуште не следат Сатгуру или Реализиран Учител, да го направат тоа.

Можноста за трансформација се појави пред неколку месеци кога, од никаде, ми се создаде страв од летање. Досега сум го немал овој страв, и бидејќи имав невообичаено многу работа поврзана со други патувања во истиот период кои не можеа да бидат избегнати, морав да се соочам со овој страв.

Што научив од многу летови кои ги направив?

Забележав дека  за време на турбуленциите или воздушните дупки како што ги нарекувам ( да, патиштата во Африка имаат дупки!), за време на полетувањето и за време на слетувањето интензитетот на моите молитви се зголемуваше драматично. Направи да воочам дека квалитетот на мојата садана ( духовна практика) и молитвите можат да бидат далеку подобри и поинтензивни. Ги користев молитвите за да го одвлечам и пренасочам моето внимание од воздушните дупки. Дали доволно го правам тоа во секојдневниот живот т.е. фокус на Гуруто и Бог, или дали повеќе посветувам внимание на турбуленциите или воздушните дупки  во мојот ум? Постојано гледав на часовникот за да видам кога ќе стигнеме на конечната одредница. Со други зборови, свесноста за мојата конечна дестинација и патувањето беше засилена? Дали да се набљудувам или само-анализирам на редовни интервали за трансформациската програма на која се поставив? Ова беа прашања кои ми дојдоа.

Ја погледнав природата на мојата врска со сите луѓе кои се блиски до мене и околу мене – мојата фамилија, пријателите  посветеници, и пријателите. Каква е мојата врска со нив?  Како можам да ги сакам повеќе  и на прилагоден начин за секој еден од нив?Дали контактирам со нив кога ми треба нешто од нив или дали контактирам со нив бидејќи ги љубам?

Најголемиот потсетник ми беше за живеењето во моментот и на работата за зголемување на мојата верба во Бог и Сатгуру. Дали нешто ми се случило? Дали сум безбеден? Секако не! Тоа само направи да видам дека теоретски мојот ум беше предаден наспрема тоа колку навистина беше предаден.

Летовите беа кратки, но колку само долго се чинеа со стравот. Животот на земјата е краток или недоволен за лична трансформација, но колку долг се чини кога не се фокусираме на Љубов. Се прашав себе си дали најдобро го користам моето време секој ден љубејќи повеќе и повеќе?

Мојот најскорешен лет откако поминав низ сето ова учење и само-анализирање во последните месеци и недели, се случи пред некој ден. Беше од Франкфурт до Најроби преку Истанбул, кога се враќав од фантапрекрасниот Само Љубов фестивал, прославата за Гурупурнима и неделата посветена на одредена држава во ашрамот Шри Пита Нилаја, домот од Парамахамса Вишвананда. И погодете што? За време на летот мојот страв од летање не постоеше повеќе. Си замина исто толку лесно како што дојде.


Blog »