Вселената и кријата - Секое големо патување започнува со еден чекор

Thumbnail

Пред педесет години, се случи историски момент за човечката раса. На 20-ти јули 1969, ги направиве првите чекори на друго планетарно тело. Нил Армстронг постана првата личност која чекореше по месечината, и додека го правеше тоа, тој рече „Тоа е еден мал чекор за човек, но џиновски скок за човештвото“. Преку огромни сигурни чекори во технологијата, во претходните декади, она што се чинеше невозможно постана возможно. Одењето до месечината беше дел од човековото изразување за само-откривање, за надминување на неговите тешкотии и за успех во патешествието.

Пред околу 2500 години порано, кинескиот филозоф Лао Цу исто така кажал нешто слично „Патувањето од илјада чекори започнува со еден чекор“, што значи дека дури и најдолгите и најтешките потфати имаат точка на почеток, и сé започнува со првиот чекор.

Можеби и ќе се запрашате како е ова поврзано со Атма Крија Јога? Всушност, има многу паралели помеѓу човековиот потфат до месечината и човековата аспирација за откривање на себе си и на природата на Душата.

Парамахамса Шри Свами Вишвананда кажа дека има духовно патување кое сите ние треба да го преземеме, и дека тоа е долго само 40 сантиметри, од умот до срцето. Можеби се чини како мал чекор, но може да трае цел живот или дури безбројни животи за да се заврши. Започнува со еден чекор, кога некој одлучува да започне духовна практика како што е Атма Крија Јога, но она што следи е најпрекрасното патување за само-истражување што некој може да го преземе.

За да испрати луѓе на месечината, НАСА потроши декади за градење на најголемата и најмоќната ракета дотогаш, Сатурн 5. 400,000 мажи и жени разија инженерско чудо за да можат астронаутите да го избегнат гравитациското влечење од Земјата,да влезат во вселената и да пристигнат на месечината во само три дена.

Во 2007, Махаватар Бабаџи му го даде на Парамахамса Шри Свами Вишвананда најмоќниот јога систем досега, Атма Крија Јога. Тоа беше кулминација од 5,000 годишно само-откривање и реализација на најголемите јога учители кои светот ги знаел. Направена е да го забрза животот на личноста и духовното патување како тие би стигнале дома, до нивната Душа, нивната Атма, во еден животен век. Позади секое патување од некоја личност е благословот на илјадници  од јогини кои исто го презеле и успешно го завршиле ова патување до нивната Душа. Нивната милост е Шактипат-от кој ви треба за да стигнете таму. Таа станува ракетното гориво кое ви овозможува да го избегнете гравитациското влечење на маја, да одите преку умот и да влезете во просторот на повисока свесност и Божествена Љубов.

Слетувањето на месечината беше огромен момент кој засекогаш ги мена животите на америчките астронаути и на светот. Пристигањето кај вашата Атма ќе ја преобрази вашата перцепција за животот засекогаш. Кога човекот стоеше на месечината и ја гледаше Земјата, тој ја погледна од сосема понаква преспектива. Тоа смени како ние гледаме на нашата Земја, како едно човечко општество, го промени нашето разбирање за животната средина, меѓузависноста на сé на планетата, било да е човек, животно или растение. Можеме да ја видиме кршливоста на Земјата и глобалните предизвици со кои еден ден ќе се соочиме, како што се емисиите од CO2. Во исто време, ја видовме и истрајноста на овој прекрасен биосистем. Аполо програмата инспирираше и даде надеж на милиони луѓе, беше поттик за нови откритија и забрза нови развои во компјутерскта технологија, а беше инспирација за многу вселенски претприемачи како што се Ричард Брансон, Илон Маск, Пол Ален и Џеф Безос. Иако бевме да ја истражиме месечината, ние во суштина одново ја откривме Земјата. Таа сина точка во космичкото море, што ја нарекуваме дом, беше нешто на кое може сите да се восхитуваме, убаво место кое Бог го создаде за нас, секоја личност е тука заради уникатна причина, како една од милијардите причини за да биде тука, да постигне нешто посебно индивидуално, но и за планетата.

Кога го преземаме патувањето со Атма Крија Јога, ние исто така го восприемаме животот на различен, и на, за нас, уникатен начин, бидејќи секоја личност е уникатна. Го гледаме преку очите на Божественото, преку очите на срцето, преку очите на љубовта. Ја гледаме раката на божественото насекаде. Ако дури само една личност направи промена во нивната перцепција, тоа има брановиден ефект  што допира многу. Сите ние сме меѓуповрзани и позади секој од нас е Божјата рака, во секое дејствие кое го правиме. Атма Крија Јога го означува ова, таа значи повторно откривање, значи воочување кои сме ние, од каде сме дошле, зошто сме тука и каде одиме. Одредиштето на Атма Крија Јога е  душата, самата срж на нашето постоење, центарот на нашиот универзум и нашата  конечна дестинација, за да можеме да се вратиме доме уште еднаш, онаму каде што почива Божественото и каде го чека нашето враќање. На крај Тој е сé што имаме и сé друго ќе престане да постои, освен Тој.

Технологијата на Атма Крија Јога беше развивана во текот на 5000 години од духовни практиканти. Овие тестирани и докажани методи можат да те поттурнат за тие 40 см. така што ќе можеш да истражуваш и да ги направиш овие откритија за себе, и да го живееш својот живот од центарот на Душата. Таквото пристигање ќе го промени твојот живот засекогаш, ќе ти дозволи да живееш во постојана состојба на Божествена свесност и Божествена Љубов. Технологијата која ти треба за да стигнеш таму веќе е развиене. Таа е тестирана и успешно испробана од големи Јогини. Тие го завршија своето патување, сега тебе ти е редот.

Тоа е мал чекор за индивидуата, кој тргнува од умот кон срцето, но доколку можеш да го направиш ова, тогаш нема никогаш да бидеш истиот/та, и твоите пријатели, сакани и светот околу тебе исто така ќе се мени. Како дел од таа промена, постани визионер, служи му на општеството, сакај го ова место и неговите жители, што е единствениот дом што ние, и секој друг, го имаме.

Ние сме на мисијата наречена „Живот“ со милиони години, без навистина да знаеме што е смислата на животот или која е нашата конечна одредница. Ние сме стари колку и космосот, но суштински само нашата душа е толку стара. Потекнуваме од креација, и оној кој не создал е нашиот вистински Татко. Атма Крија Јога е како слика која конечно може да споделува со уметникот, да ја знае целта зошто е направена и зошто Тој ја поставил таму.

 

Контактирај те го вашиот Атма Крија Јога учител за да можете конечно да ја завршите вашата мисија и да го живеете вашиот живот во целост.


Blog »