Направете го вашиот дом

Thumbnail

Реката течеше бистра и ладна, преплавена со стопен снег од пролетта во будење. Зајдисонцето се положи на хоризонтот, борејќи се за подолги денови. Го фрлаше својот розев, портокалов и црвен сјај долж речниот брег и остатокот од зимскиот снег. Моите стапала протонуваа во речниот песок набрзина поминувајќи низ замрзнувачката и боцкачка болка, сè додека ладното не  создаде отапеност сè до моите глуждови. Раката ми потона во мојата џапа торба, прстите се тркалаа преку ниските со секој здив. Ветерот танцуваше низ  висечкиот балдахин, создаден од стари зимзелени дрвја. Позади мене смеата и гласовите на моите пријатели околу логорскиот огин исчезнаа во позадината.

Не можев да ги затворам очите. Не можев да се движам. Бев изгубена, маѓепсана од танцувачката хармонија која постои само на места како ова, на речни брегови, длабоко во планините, милји и милји далеку од најблискиот пат. Има нешто чисто во земја која не видела мотор. Секој здив доаѓаше и поминуваше, носејќи ја мојата мантра со него. Секој здив доаѓаше и одеше и јас се губев сè подлабоко во тоа. Секој здив доаѓаше и заминуваше и можам да се заколнам дека и ветерот пееше исто така.
 

Ом Намо Нарајанаја

 

Ом Намо Нарајанаја

 

Ом Намо Нарајанаја

 

Секој здив носеше чувство на мир, надеж, или судбина како што дотогаш не ми беа познати. Како ништо да не постоеше. Беше само мантрата.

 

Само што имав научено Атма Крија неколку денови претходно. Научив мантра, дишење и медитација за првпат во мојот живот. И ете ме на тој речен брег, со прстите од стапалата втемелени во песок, и река која веќе не ја чувствував. Тоа беше најблиската работа до мир која сум ја имала.

Сè додека нивните гласови не почнаа да одѕвонуваат, повикувајќи ме, нарушувајќи  ја тишината. Беше повеќе како распрскување. До најситни делчиња. Комплетно уништување на тишината на начин кој можат четири луѓе со по дваесетина години да го направат во раните часови на стемнувањето. И наеднаш ладниот ветерец, сега, ме наежи и водата ме смрзнуваше до в коски. И бучавата. Бучавата надојде како буица, лупајќи ме назад во постојаното дрдорење од мојот ум. Зедов длабок здив, со копнеж погледнав кон пејсажот кој се затемнуваше, и за кратко се вратив во кампот.

Ова прво „искуство“ со Џапа Крија ме навлече. Ми покажа нешто што никогаш не мислев дека е возможно да се здобие. Постана мој најдобар пријател и извор. Џапа беше тука да слави со мене. Беше тука да ме носи и турка низ моите најтемни часови. И дури во деновите кога не знаев како да ја сакам, џапа сеуште беше тука, танцувајќи на мојот јазик, чекајќи и јас, исто така, да ја љубам.

Сите имаме наша, лична, варијанта за оваа приказна. Сите го имаме нашето искуство и техника која нè носи низ животот. За мене тоа е Џапа Крија. За вас, може да биде нешто друго. Што и да е, најдете ја вашата приказна, вашата техника. Но направете ја ваша. Бидете нејзин сопственик. Бидејќи токму преку саданата го развивате и го искусувате вашиот однос со Бог. Садана е преземање сопствеништво на вашиот однос со Бог, кажувајќи Му дека Тој ви припаѓа вас исто онолку колку што вие му припаѓате Нему.

Тоа нека ве носи во овој свет. Нека ве инспирира вашето искуство. Вашиот ум нека биде инспириран од Божественото. Направете ја вашата садана и ваше место за прославување и ваше прибежиште. Нека биде ваш дом.


Blog »