Што е Крија Јога?

Thumbnail

Што е Крија Јога?

‘Кри’ значи активност а ‘ја’ значи свесност. Заедно, Крија значи активност со свест / умисла.

Но што всушност означува свесноста, на што точно се однесува? Вистинската свесност значи да бидеме свесни за тоа кои сме, која е нашата цел и нашиот вистински идентитет. Тој идентитет е оној на душата, на нејзината вродена блаженост и безусловна Љубов.

Крија јога генерално подразбира систем на техники кои нѐ водат кон надминување на материјалната реалност - нашиот идентитет со умот, телото и интеракциите на сетилата. Станува збор за практиката на искусување и абсорпција на духовната реалност и самоидентификување, со цел доживување и реализација на Божественото во нас. Крија јогата се стреми кон усогласување на сите мисли, акции и говор, кон таа реалност и духовна свесност.

Махаватар Бабаџи, препознатливиот и мистериозен бесмртен јогин и основач на Крија Јога, тивко ја води и насочува свеста за човештвото. Сакајќи да го подигне и поткрепи светот, Бабаџи, со текот на времето, разоткрил повеќе делови од огромниот систем. Тој превзема одговорност за состојбата на човештвото, нивната свест и времето во кое живеат. Имајќи го ова на ум, Махаватар Бабаџи ги пренесува техниките на различни мајстори на различни места и во различно време. Иако овој систем не е познат во јавноста како целина, повеќе Крија Јога мајстори и Бабаџи пренесуваат голем број техники на различни луѓе кои имаат потреба од ваква поддршка.

Атма Крија Јога е само еден дел од техниките на Крија Јога. Махаватар Бабаџи и Парамахамса Вишвананда избраа да ги пренесат токму овие техники, заради нивната едноставност, моќ и важност на духовниот пат, во нашата потрага по Божественото.

Крија Јогата е особено посебна бидејќи применува техничка јогиска наука. Практиката ги следи основните духовни и физички закони, енергии и логиката на умот. Дополнително, се осврнува на универзалните закони на создавањето, вибрациите, петте елементи, чакрите, како и на петте телесни обвивки и мноштвото на енергии. Овие техники ја земаат во предвид длабочината на законот на кармата, вклучувајќи ги намерата, акцијата, мислата и многу повеќе.

Постои длабока духовна наука во јогата, која модерната наука полека почнува да ја истражува и потврдува. Техниките на Крија јога се развиени со цел примена на овие различни науки, како и секоја друга научна област. Мајсторите на овие закони и системи се целосно свесни за јогиските науки. Тие креираат практики кои би ни помогнале на духовниот пат, бидејќи се целосно посветени на духовниот напредок на човештвото. Духовниот пат е премногу сложен, но за наша среќа, мајсторите развиле техники кои ни помагаат во следењето на тој пат.

Општо земено, Крија Јогата е теолошки и филозофски неутрална и само се осврнува на духовните и материјалните закони во напорите да ни помогне при духовниот напредок. Бабаџи ја предал Крија Јогата на разни мајстори кои ги усвоиле и спровеле техниките и притоа ги внеселе своите индивидуални филозофии и теолошки видувања. На овој начин, Бабаџи и Крија Јога Мајсторите можат подобро да му служат на населението, бидејќи се прилагодуваат кон различните патеки, карактеристики и предиспозиции на индивидуите.

Токму тоа ја прави Бакти Марга Садана толку посебна. Се се сведува на „Само Љубов“. Мисијата на Парамахамса Вишвананда е да ги отвори срцата на човештвото, а неговата алатка е Крија јогата. Крија Јога, во суштина, е исто што и Бакти - посветеност со љубов - бидејќи совладувањето на било каква акција со целосна свест подразбира делување од љубов и со љубов. Иако традиционално не се смета за Бакти Јога, Крија Јогата во суштина е Бакти и е јога.

Нурнувајќи се длабоко во срцето, во душата и уште подлабоко, го откриваш и доживуваш Божественото во себе и надвор од себе. Па иако Атма Крија Јогата е насочена кон откривање на внатрешната Божественост, неизбежно води кон откривање на целта на таа внатрешна Божественост, т.е. кон врската со Бог - Богоспознавање на патот кон Љубовта.


Blog »