Слушнете ја повисоката хармонија

Thumbnail

Како музичар, се сеќавам како порано кога сам го вежбав мојот дел од оркестарот, понекогаш делуваше здодевно, чудно, тешко или непотребно. Кога дојде денот на првата проба на целиот оркестар и сите инструменти свиреа заедно, одеднаш од сите овие "здодевни" или "чудни" делови, се појави ремек-дело. Одеднаш секоја нота имаше смисла и се слушаше прекрасна музика.

Ништо не се смени во мојот дел, па како можеше да има таквата драматична промена во мојата перцепцијата?

Мојата перспектива се промени. Контекстот ми стана многу појасен и станав свесен за поголемата слика, односно повисоката хармонија и наеднаш сите поминати ,,досадни” часови додека вежбав добија смисла.

Зар не е ова многу слично и во нашите сопствени животи? Колку пати се прашуваме, зошто треба да направиме нешто? Зошто животот не може да биде полесен или барем помалку предизвикувачки? Зошто треба да поминете низ оваа или онаа карма? Зошто некои работи воопшто немаат смисла?

За мене ова е еден од најголемите подароци што Атма Крија Јога ги донесе во мојот живот. Атма Крија Јога го става целиот живот во поголема перспектива. Таа ве тера да забележите суптилни животни лекции и моќни пораки од Божественото дури и зад навидум мали животни ситуации. Затоа што кога секој ден медитирате, вдишувате и издишувате свесно, нудејќи го секој здив на Божеството, негувајќи ја вашата внатрешна врска, почнувате да станувате свесни во вашиот секојдневен живот. Почнувате да го набљудувате животот не само од вашата лична, ограничена перспектива, туку почнувате да  ја гледате и поголемата слика и да се запрашувате за ова клучно прашање: што е мојата лекција тука? Која е поголема слика?

И тоа е убавината на Атма Крија Јога – нешто кое е многу тешко да се опише со зборови. Се додека го гледате вашиот живот само од гледна точка на сопствениот ограничен дел,  тешко енда се замисли кој е сопствениот мал приоденес кон оваа "повисока хармонија” и какви чуства буди. Свесноста на оваа "повисока хармонија" ги тера луѓето кои се на духовниот пат понекогаш да се насмеат и при најголемите тешкотии, како што честопати вели Парамахамса Свами Вишвананда. И оваа е таа поголема перспектива, оваа поврзаност со Божественото, што ги просветлува нашите денови со поголема самосвест, преку кое станува многу полесно да се помине низ сите животни предизвици.

 

Значи, практикувајте ја својата Атма Крија Јога. Помислувајте на Бога во секој здив. Запомнете дека има поголема перспектива во вашиот живот, секогаш кога се чувствувате преокупирани од сопствениот дел во него. И почувствувајте го чудото на животот што се одвива пред вас.


Blog »