Интимноста на релацијата со божественото

Thumbnail

„Божественото ни се обраќа не колективно, туку поединечно, така што искуството на секоја личност со Божественото е различна, бидејќи секое битие е Божествен зрак, и на тој начин е директно и интимно поврзан со Бог. Единството со љубовникот, како најголемо земно задоволство е доживеано од секоја личност поинаку. Слично, секоја личност има свој начин на пристапување и поврзување со Бог.“

- Пандит Рам Сиван (Шрирама Рамануџа Ачарија)

 

Ако ставите илјадници луѓе во иста просторија и ги прашате: Како го доживувате Бог? - сигурно би добиле илјадници различни одговори. Секој ќе има свое искуство, начин на познавање и поврзаност со Бог, свое искуство за вера, љубов и доверба.

Оваа разновидност во поврзаноста со Бог е една од најубавите работи за духовниот пат. Ни покажува дека Божјата љубов кон нас не е масовно произведена и механичка. Наместо тоа, единството помеѓу оној што љуби и Саканиот е уникатна и интимна на секоја душа. Ова вистина останува иста, без оглед на тоа дали луѓето имаат иста практики и системи на верување.

 

Дури и ако надворешната акција е иста, внатрешната врска припаѓа единствено помеѓу поединецот и Бога.

 

Како воспоставуваме врска со Бог, освен преку чин на молитва? Што е молитвата, освен копнежот на срцето и душата, која бара и повторно се поврзува со изворот во Божеството?

 

Колку повеќе се молиме, колку повеќе практикуваме садана (духовна практика), стануваме сè повеќе како нашио Сакан. Почнуваме да го губиме нашето его  во Неговата милост и Љубов. Почнуваме да зрачиме со Неговата Љубов. Од нас се одзема, се, дел по дел,  сè додека не остане само Љубовта.

Да бидеме јасни, целта на саданата не е да ве промени, туку да помогне да станете она кое Духовната практика отстранува сè што не сте вие, одземајќи ви сè што не ви служи. Кога тоа ќе се случи, она што ви останува сте само вие. Вие во најчистата, најбожествена и најсаканата верзија,  во вистинската смисла на зборот.

Имајте верба во вашата садана. Вежбајте со љубов и посветеност. Црпете ја својата сила од тоа. Знајте дека без оглед на тоа што доаѓа на вашиот пат, тоа е Бог и ве води по патот сè до Него.


Blog »