Сеење неколку санга семиња

Thumbnail

Во јануари, неколку недели после вселувањето во нашата нова куќа, го имавме задоволството Свамини ВишваПрабавати Мата да престојува кај нас и да ни помогне во организирање на нашиот прв Бакти Марга настан во Бенамочара, мало андалузиско село, каде ние живееме, во Шпанија. Покрај Свамини, имавме и три други посветенички на Парамахамса Шри Свами Вишвананда кои ни се приклучија во правењето Сева, и ни помагаа во создавањето и успешното организирање на овој настан.

Целта на викендот беше да се засеат неколку семиња со цел да се создаде Санга, заедница, простор каде може да ја споделуваме Бакти Марга Саданата, и други духовни практики кои ги учи Парамахамса Шри Свами Вишвананда; да правиме Сева ( несебично служење); и да ја шириме неговата порака за Само Љубов. Тоа беше исполнет викенд  при што споделивме голем опсег од духовни практики.

Го започнавме викендот со Бабаџи Сурија Намаскар со група од 7 ученици и 4 учители. Кога Учителите по Бабаџи Сурија Намаскар работат заедно тоа го засилува духот на заедницата и ја унапредува взаемната доверба и соработка, да не го споменувам фактот дека е благопријатна за учениците бидејќи тие искусуваат грижа и внимание и за ситниците, што не е секогаш возможно во групи со само еден учител. Бабаџи Сурија Намаскар е одличен отскочен камен во Бакти Марга Садана и во искусувањето на вистинска автентична Јога. Многу  луѓе денес посетуваат јога часови, но неколку искусиле Јога Асани кои биле дадени од Учител реализиран во жив Бог, како што е случај со Бабаџи Сурија Намаскар. Комбинацијата од динамични позиции, пранајама (контрола на здивот) и мантра – ја прават енергизирачка практика која е привлечна за активниот јоги; започнувањето на викендот со неа создаде подигнувачка енергија која продолжи во текот на денот.

После здрав вегански ручек, имаше разговор за Проект Мантра: насочена медитациски програм во Бакти Марга Саданата, посебно добра за оние кои се заинтересирани за медитација, но немаат пробано претходно, и исто и за деца кои се љубопитни за медитација. Тоа е 40 дневна програма која помага да се изгради редовна практика и да се развие врска со Божественото преку Мантра.

Потоа го понудивме курсот за Шри Јантра: Афирмативна Медитација која ја користи светата геометрија од Шри Јантрата. Оваа работилница посебно помага во развивање на личен однос со Божествената Мајка, и исто така го прочистува и балансира умот, духот и околината. За време на овој курс секогаш има посебна смиреност и како што заоѓаше сонцето, тоа попладне, атмосферата беше исполнета со љубов и инспирација.

Денот го завршивме со ОМ Пеење, уште еден дел од Бакти Марга Садана. Оваа групна практика помага во прочистување на околната средина и има физички, ментални и духовни придобивки за учесниците .  Веќе беше ноќ, небото беше темно, ѕвездите се појавуваа и трансформациската моќ на ОМовите резонираше низ градбата и во околната долина.

Следниот ден го почнавме денот со Јагна, огнена церемонија, што е начин на обожување на божественото каде огнот постанува аспект од Бог; во овој случај Лакшми Нарајан беше повикан во огнот преку медитација и пеење на Санскрит мантри. Се прават понуди на огнот од насобраните луѓе, кои ја нудат својата Љубов кон Божеството и го предаваат своето его. Придобивките од изведувањето Јагна не се ограничени само на тие кои се физички присутни, тие позитивно ја трансформираат блиската околина и се протега кон светот во целост. После церемонијата длабоко чувство на мир се проткајува и на овој ден, тие кои беа иницирани во Атма Крија Јога, уживаа заедно во групна практика.

После Јагната уживавме во, со љубов приготвен, вегански ручек и го завршивме викендот со Сатсанг и Баџани. За време на Сатсангот, Свамини ВишваПрабавати Мата одговараше  прашања и луѓето споделуваа духовни увиди. Сатсанг е можност за истражување на духовноста преку дијалог, и за поврзување со луѓе кои мислат исто. Секој има свое уникатни духовни доживувања, и за време на Сатсанг, што е Санскритски збор за да присуство во друштво на вистински луѓе, е најпогодно да се споделат истите и да се продлабочи нашето разбирање. Испреплетено со Сатсангот пеевме Баџани што е еден од наједноставните начини да се издигнеме од границите на нашиот ум, да го отвориме срцето, и да го искусиме Божественото. Баџан е Санскрит збор со значење „пеење за слава на Бог“, и преку ова посветено пеење и воспевање на божествените имиња ние сме способни да го надминимие егото и да воочиме колку само близу е божественото.

Една од многуте работи кои ги сакам во врска со Бакти Марга е дека ги зближува луѓето, луѓе кои вообичаено не би се дружеле; луѓе на различен крај од демографскиот спектар, од различни култури, од различни потекла; тие со различни воспитувања, но дека сите споделуваат иста суштина: желба и копнеење да се поврзат со Божественото. Кога луѓето се собираат заедно  со ваков заеднички интерес – тоа е таков благослов. Милоста од создавањето заедница, Санга, е за да поминеме мигови со Гуруџи, Парамахамса Вишвананда, кога тој физички не е со нас; дадена ни е можност постојано да бидеме потсетувани на оваа Божественост, да имаме чувство на фамилија, чувство на припаѓање и чувство на постојана поврзаност со оваа Божествена Љубов.


Blog »